АКТИВИРАН НОВ „АМБЕР АЛЕРТ“ во Америка: Марија исчезнала во парк, полицијата бара црвено комбе

Поминаа две недели откако петгодишното девојче Дулче Мариа Алавез е видена како си игра во паркот Бриџтон во Њу Џерси. Нејзината мајка Ноема Алавез Перез, која има 19 години, се врати во паркот, збореше за ќерка ѝ и ја повика јавноста да ѝ помогне, додека полицијата трага по неа.

Дулче Мариа Алавез исчезна на 16 септември додека си играла со децата во градскиот парк. Полицијата се сомнева дека ја киднапирал маж, со што го активираа „АМБЕР“ алармот.

Две недели по исчезнувањето, нејзината мајка, во паркот говореше за случајот кој во семејството им донел немир.

– Таа е невино девојче, има само пет години. Не знае ништо за светот во кој ние возрасните живееме. Само го живее својот детски живот. Таа нема никаква врска со проблемите кои сме ги имале во минатото или со луѓе за кои имаме проблеми – изјавила мајката на девојчето, Ноема Алавез Перез.

Семејството веќе две недели живее во агонија, прашувајќи се кој им го киднапирал девојчето. Загрижени се и за нејзиното здравје.

– Зашто таа мора да ги плаќа последиците? Таа е само мало девојче. Таа, дури, не ни знае што се случува – ова постојано го кажуваше нејзината мајка.

Мајката Ноема Алавез Перез рече дека девојчето се плаши од темница.

– Секоја ноќ мислам на нејзе, на тоа како плаче и колку и недостасуваме – додаде таа.

Кога Дулче исчезнала, Перез била во колата за да и помогне на нејзината сестра.

Полицијата на Њу Џерси претходниот викенд објави ново видео за девојчето, надевајќи се дека ќе го охрабри народот за да дадат нови информации кои би можеле да помогнат за да се најде.

Исто така, семејството се надева дека некој кој можеби не споделува информации за девојчето, ќе го промени мислењето, откако ќе го чуе детскиот невин глас

– Сите ја чувствуваме болката што ја чувствува и мајката – рече Фред Мекфарланд, сопственик на приватен бизнис во областа, додека од неговите очи течеа солзи.

Многу трговци во центарот на Бриџтон, во дуќаните поставуваа слики од исчезнатото девојче и со купувачите разговараа за случајот.

Медиумите пренесуваат дека еден од начините на кои луѓето можат да помогнат е да ги прегледаат фотографиите и снимките од денот кога Дулче исчезна.

ФБИ бара индиции кои би можеле да помогнат во лоцирање на девојчето, а на Твитер поставиле линк кој води до страницата на девојчето, каде луѓето можат да објавуваат слики.

Властите понудија награда од 35.000 долари за информации кои би помогнале да се најде девојчето.

Полицијата трага по лице со светла боја на кожа, кое веројатно е хиспано маж, забележан како вози црвено кобе со затемнети стакла.

Активиран е системот за предупредување, познат како „Амбер алерт“, а јавноста е повикана да го забележи мажот. Но, сега тие објаснуваат дека сакаат да разговораат само со него и дека немаат други осомничени.

Мајката рече дека на полицијата и дозволила трипати да го проверува нејзиниот телефон и да одговори на секое прашање кое можела.

Таа додаде дека таткото на девојчето е во Мексико, но не мисли дека тој е вклучен во нејзиното исчезнување.

Ноема Алавез Перез сега е петти месец трудна, дете кое и е од друг маж и рекла дека им дозволила на нејзините родители да го имаат старателството врз нејзината ќерка.

Како поминува времето, Перез и нејзината мајка ги молат луѓето да не заборават на нивната ќерка.

– Ако некој знае нешто, го молам да излезе и да каже. Многу ни недостасува – додаде мајката.

„Амбер алерт“ и понатаму е активен. Не е алармирана цела земја, туку само регионот во кој исчезна девојчето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот