Активен на 88 години: Ибрахим Калесиќ е најстариот падобранец во Европа

Ибрахим Калесиќ
Ибрахим Калесиќ / Фото: Скриншот, „Нова“

Ибрахим Калесиќ од Тузла е жив доказ дека годините се само бројка. На 88-годишна возраст, тој сѐ уште скока со падобран, а има желба да продолжи да се занимава со овој спорт и во наредните десет години.

Калесиќ почнал да се занимава со падобранство пред повеќе од 70 години, а неодамна го изведе својот 1487. скок за време на натпревар во падобранство во Бихаќ.

„Се чувствувам супер, психолошки сум одморен и уживам во одлично друштво“, изјавил тој за „Ројтерс“, додавајќи дека секојдневно вежба по 15 минути, а неговата сопруга се грижи за неговата исхрана.

Како млад, Калесиќ поминал обука за падобранство во Србија, пред самиот да стане инструктор за овој воздушен спорт. Во 1963 година, тој го поставил југословенскиот рекорд со скокање од авион на височина од 5500 метри.

„Јас сум најстариот активен падобранец во Европа. Сакам да продолжам да се занимавам со овој спорт и во наредните десет години и да влезам во Гинисовата книга на светски рекорди“, рекол Калесиќ низ насмевка.

Неговата најголема желба е да добие свој падобран кој ќе го користи за тренирање млади скокачи.

„Јас сум пензионер без средства да купам падобран и би сакал да имам таков за да ги тренирам моите ученици кои потоа ќе ме заменат на натпреварите во падобранство“, споделил возрасниот падобранец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот