Актерот Жарко Димоски ја промовираше новата песна „Танцувај со мене“ и неговата прва книга „Пеперутка“!

фото: промо

Пред неколку дена во еден познат скопски ресторан во присуство на своите најблиски пријатели, соработници и колеги, актерот и пејач Жарко Димоски направи двојна промоција.

Станува збор за промоција на најнова песна со видеоспот насловена како „Танцувај со мене“, како и промоција на неговата прва книга „Пеперутка“.

Жарко пред присутните зборуваше за своите нови „чеда“, а исто така ги почести и со еден мини-концерт во кој сите уживаа.

Инаку како автор на песната, односно на музиката и аранжманот се потпишува познатиот пејач Димитар Андоновски, а пак текстот е дело на Жарко и неговата сопруга Андреа, која исто така ја има главната улога во видеоспотот.

Фото: Промо

Она што е важно да се напомене е, дека „Пеперутка“ е првата книга, стихозбирка на Жарко Димоски во издавништво на издавачкиот центар „Три“.

Фото: Промо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот