Актерот Тасевски најави дека ќе палел функционери на клада – следува ли кривична одговорност

Сашо Тасевски/ Фото: Facebook

Трагичниот настан во кој загинаа 14 лица од модуларната болница во Тетово актерот Сашо Тасевски го искористи да шири говор на омраза преку социјалните мрежи и јавно да се им се заканува по живот на владините фунционери.

Со голем број навреди, па дури и тврдења дека медиумите манипулираат со информации, во еден дел од својот статус Тасевски на дел од министрите им порача дека „треба јавно живи да бидат запалени на клада“, како и дека клетвите „ќе ги стигнат“, а засега не се знае дали оваа закана ќе се преточи и во кривична пријава што е вообичаено кога социјалните мрежи се користат за закани по живот на јавни личности и функционери.

– А ти Обиџуко пи*кетино една вчера се пуваш по медиумиве и се закануваш со казни ако некој не се попише. Ќе казнувал? Вас треба јавно живи да ве запалиме на клада. Има и пострашна казна, напиша Тасевски на својот Фејсбук профил.

Ваквите закани кон функционерите ги истражува Секторот за компјутерски криминал и спаѓаат под  чл.144 од Кривичниот законик кој се однесува на кривично дело „загрозување на сигурноста“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот