Актерот од „Fast&Furious“ постхумно ќе добие ѕвезда на Булеварот на славните

пол вокер
Пол Вокер / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Актерот Пол Вокер, кој загина во сообраќајна несреќа во 2013 година, ќе добие ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, пренесуваат странските медиуми.

Имено, Стопанската комора на Холивуд одлучила постхумно да му ја додели ѕвездата на Вокер и истата ќе биде поставена на шеталиштето кон крајот на овој месец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paul Walker (@paulwalker)

Во моментот на неговата смрт, Вокер беше ангажиран на снимањето на седмиот филм од серијалот „Fast&Furious“ а режисерот му оддаде почит со емотивната сцена на разделба со Вин Дизел.

Инаку, Вин Дизел беше најдобриот пријател на Вокер, а тој ја придружуваше неговата ќерка Медоу до олтарот кога минатата година се омажи за Луис Торнтон-Алан.

„Пол е горд и среќен“: Се омажи ќерката на Пол Вокер, до олтарот ја одведе Вин Дизел

Покрај „Fast&Furious“, Вокер глумеше и во филмовите „She’s All That“, „The Lazarus Project“ и „Eight Below“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот