Актерот од „Чернобилски дневници“ пронајден мртов

Profimedia

Актерот Димитри Диатченко починал минатата недела на 52-годишна возраст во својот дом во Флорида.

Причината за смртта сè уште не е позната. Неговиот брат рекол дека смртта на Димитри не е поврзана со ковид-19. Тој бил здрав и во добра форма, изјавило неговото семејство.

Семејството се обидувало да стапи во контакт со него неколку денови, по што повикале полиција. Полицајците што отишле на неговата адреса, го нашле телото на актерот.

Димитри беше најпознат по улогата на Ури во филмот „Чернобилски дневници“ од 2012 година. Тој се појави во многу серии како „Синови на анархијата“, „Како ја запознав мајка ви“, „Коски“, „Две девојки без пари“ и „ЦСИ: Мајами“.

Димитри е роден 1968 година во Сан Франциско. Неговиот татко е по потекло од Украина, а неговата мајка е од Шведска.

Тој ја шокираше јавноста пред пет години кога ѝ испрати на поранешната девојка фотографии од нејзиното домашно милениче зајак што го убил и го изел! Димитри рекол дека го сторил тоа за да ѝ се одмазди поради раскинувањето на врската, по што добил казна 60 дена добротворна работа.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот