Актерот на најсрамниот потег во историјата на НБА моли да го пуштат од затвор

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс и на Бостон селтикс, ги моли американските власти да го пуштат од затвор бидејќи се плаши дека во него ќе почине од коронавирус.

Вашингтон отслушува шестгодишна затворска казна бидејќи преку хуманитарна организација украде милион долари кои беа наменети за гладните деца во Африка кои се позитивни на ХИВ.

Тој во писмо упатено до американските власти тврди дека и изложен на висок ризик поради „експремно високото ниво“ на зараза и честиот број на смртни случаи меѓу затворениците во казнениот систем во САД.

Вашингтон смета дека требало да биде преместен во затвор со средно ниво на обезбедување, но се плашел дека преселбата ќе значела голема веројатно тој да се зарази со ковид-19. Сега бара да биде пуштен во домашен притвор.

Кермит Вашингтон е познат како кошаркарот кој го направи најсрамниот потег во историјата на НБА лигата, кога на 9. декември 1977 година со еден удар го нокаутира Руди Томјанович.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот