Актерот на кој му беше ампутирана ногата поради коронавирусот е се уште во кома!

Instagram

На актерот Ник Кордеро пред 12 дена му беше ампутирана левата нога поради компликации кои настанале за врене на борбата со коронавирусот. Неговата сопруга Аманда Клотс секојдневно на друштвените мрежи ги известува следбениците за неговата здравствена состојба.

„Лекарите рекоа дека на MR скенот нема ништо што покажува дека нема да се разбуди, што е одлична вест. Толку сме среќни поради тоа, бидејќи за нас претставуваше голема грижа. Меѓутоа, поминаа веќе 12 дена од седацијата, а тој се уште се нема разбудено. Лекарите велат дека веќе требаше да се разбуди од кома“, раскажа Аманда на својот инстаграм-профил.

Аманда не ја губи надежта, таа започна танц предизвик во кој ги замоли следбениците да танцуваат на песната на Ник „Live Your Life“ и да го стават хаштагот #WakeUpNick. Стотици луѓе ширум светот секојдневно се приклучуваат на овој предизвик.

Ник и Аманда го имаат едногодишниот син Елвис Едуардо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот