27.8 C
Скопје

Актерот Метју Пери флертувал со 19-годишна девојка: Дали сум стар колку татко ти?!

20-годишната девојка Кејт Харалсон, одлучи да ги разоткрие холивудските ѕвезди кои, како што тврди, се обидуваат да искористат помлади на популарната апликација за средби „Раја“.

Имено, таа во мај минатата година се допишувала со 51-годишниот актер Метју Пери, а во неколку наврати разговарале и преку „Фејс Тајм“. Актерот познат по својата улога во култната серија „Пријатели“, наводно, меѓу другото ја прашал девојката, која во тоа време имала 19 години, „дали е стар колку нејзиниот татко“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matthew Perry (@mattyperry4)

Девојката од Лос Анџелес откри дека и порано имала прилика да се допишува со познати личности на таа социјална мрежа, но не разговарала со постари момци, но сметала дека комуникацијата со актерот од „Пријатели“ може да биде смешна и забавна.

Всушност, никогаш не сум ја гледала серијата „Пријатели“! Во еден момент, Пери ме праша дали е стар колку татко ми, на што одговорив дека тој е само една година постар… Понекогаш за време на тие повици и разговори, навистина се чувствував непријатно, иако разликата во возраста очигледно не му пречеше. Сепак, за мене беше чудно да разговарам со некој што може да ми биде татко, особено кога тој самиот знаеше колку години имам“, вели Харалсон.

Никогаш не се сретнавме во живо, иако тој сакаше. „Можеби еден ден можеш да направиш тест за ковиди и да дојдеш“ ми рече во една прилика“, откри 20-годишната девојка.

Многумина ме критикуваа и велеа дека сум злонамерна затоа што ги објавив деталите од нашиот разговор. Се чувствував лошо поради тоа, но истовремено мислам дека луѓето мора да бидат свесни за фактот дека многу мажи во Холивуд флертуваат со млади девојки“, рекла Кејт за „Page Six“.

Харалсон вели дека била „инспирирана“ од друго вирално видео споделено на TikTok од страна на корисничката Нивин Џеј, која објави видео од Бен Афлек откако тие се совпаднале на апликацијата „Раја“.

Бен Афлек ѝ испратил видео: Нивин Џеј го откачила актерот мислејќи дека е лажен профил и сега се кае

Засега актерот нема коментар во врска со овој настан. За потсетување, Пери објави дека се вери со 29-годишната Моли Хурвиц. А тој сè уште има профил на апликацијата „Раја“.

Поврзани вести

ФОТО | Вистинско уживање! Се кандисавме за Охрид, бендисавме и топло препорачуваме: Кај Маја и Душица на домашни специјалитети од кои ќе ви се отворат сите чакри

Јасмина Кантарџиева Димков

Лана Бариќ – актерка, режисерка и сценарист: Имав потреба да раскажам приказна за една од нас, за жена што има своја борба што речиси никој не ја гледа

Елена Копртла

Дејвид Гета ги продаде своите песни за повеќе од 100 милиони долари

Слободен Печат

Конечно Јужниот океан го доби официјалното признание како петтиот земјин океан

Слободен Печат

ФОТО: Барате викенд уживанција? Во Барово гостите спијат во вински буриња, гушнати со природата

Ј.К.Д.

Славко Штимац заврши во болница поради компликации поврзани со ковид-19

Слободен Печат

Остави Коментар