Актерот Мајкл Џеј Фокс го објави крајот на својата кариера: Здравјето ми е најважно!

инстаграм

Мајкл Џеј Фокс, најпознат по улогата во филмовите „Враќање во иднината“, отворено зборуваше за најлошите денови во неговиот живот, велејќи дека се повлекува од својата актерска кариера поради здравјето.

На актерот му дијагностицирале Паркинсонова болест кога имал само 29 години. Иако долго време се борел со оваа состојба, пред две години доби уште една тажна вест – лекарите пронајдоа тумор на ‘рбетот, кој рапидно расте, пренесува Кликс. Актерот имаше страшни болки, па речиси остана неподвижен.

Instagram

Своите размислувања на оваа тема ги сподели во својата нова книга „Нема време како иднината“.

„Има време за сè, а моето работно време од 12 часа и сеќавањето на седум страници дијалог се зад мене, барем засега. Да бидам искрен со себе и со продуцентите, режисерите, уредниците, сценаристите и актерите, ќе кажам дека влегувам во втора пензија. Тоа може да се промени, бидејќи сè се менува“, напиша Фокс.

инстаграм

Наскоро ќе наполни 60 години, па затоа е целосно насочен кон семејството. Тој ужива во бракот со неговата сопруга Трејси Полан, со која е од осумдесеттите години, и е фокусиран на своите деца – синот Сем, близнаците Аквински и Шујлер, како и најмладата ќерка Есма.

инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот