АКТЕРОТ ГОРАН ЈЕВТИЌ ПОРАДИ СТРАВ ОД ЗАТВОР САКА ДА ПОБЕГНЕ ОД ЗЕМЈАТА: Ќе се убијам, не сакам во затвор

Фото: Принтскрин/Зоран Јевтиќ

Познатиот српски актер Горан Јевтиќ на 15. јуни 2014 година во тоалет во Народниот театар во Сомбор го турнал тогаш 15-годишниот Лука Крчевинац во бокс каде е се наоѓа ВЦ школката, му ги соблекол панталоните, па пенисот на момчето го ставил во уста и за тоа време мастурбирал.

Колега на Јевтиќ, кој сакал да остане анонимен, за српските медиуми рекол дека повеќето актери на почетокот го поддржувале Горан, бидејќи мислеле дека целата приказна за обљуба на малолетник е малку „напумпана“, пренесува Еспресо.рс.

– Сите знаеме дека Гонџа, кој ние актерите така го викаме, е хомосексуалец, но му верувавме кога тврдеше дека приказната за злоставување е на момчето е лага. Ми беше и жал кога слушнав дека мора да оди во затвор. Меѓутоа, кога во медиумите прочитав детали од пресудата и кога ја погледнав исповеста на тоа момче, се шокирав! И само поливина од она што го зборува тоа момче да е точно, тоа е страшно! Јевтиќ не смеел да го допре момчето и точка. Тој заслужува затвор – изјавил овој актер за Информер.
Тој додал дека Горан е во сташна паника откако слушнал дека казната од десет месеци домашен притвор му е заменета со вистинска робија.

– Тој е вон себе од страв. Неколкуптаи пред своите колеги повтори дека ќе се убие ако го пратат во затвор или ќе мора да побегне од земјата. Умира од страв дури и кога само ќе помисли на тоа дека 24 часа дневно ќе мора да дели ќелија со други осуденици – додал соговорникот за Информер.
Злоставуваното момче пак, тврди дека Јевтиќ добил „засрамувачки мала казна, бидејќи му го уништил животот“.

– Пресудата е навреда за сите жртви на сексуални предатори и ја деградира целата агонија која мене ми се случи – огорчен е Крчевинац, кој по злоставувањето морал да го напушти редовното школување, бидејќи во училиште другарите му се потсмевале дека е и тој геј.

Од истата причина го оставил и фудбалот, по цели 10 години тренирање, сите сништа да стане актер му отишле во неповрат.

Лука вели дека на судењата се среќавал со актерот.

– Во судницата беше исплашен и збунет. Не ми се обрати ниту еднаш, ниту шак ме погледна во очи. Јас неколку пати изреагирав кога Јевтиќ го лажеше судијата дека јас сум го нападнал него таа ноќ во театарот. Навистина неможев да и премолчам на тие лаги и измислици – додал Лука.

Тој вели дека сега, кога веќе има 20 години, би реагирал многу поинаку, кога Јевтиќ би го нападнал.

– Секако дека не би му дозволил да ме допре, но во тој момент имав само 15 години и не знаев како да реагирам. Се замрзнав од страв, го молев да ме остави на мира, едвај побегнав. Криво ми е поради тоа, но едноставно тоа се случи. И сега да го сретнам некаде на улица, едноставно ќе ја завртам главата на другата страна. Не сум тип кој физички би се пресметувал, ноту ме тоа интересира. Тој сега физички е многу послаб од мене, а научен сум да не се пресметувам со послаби – додава Лука за српските медиуми.

Лука Крчевинац четири дена по сексуалното злоставување отишол на прв преглед кај психијатар, а потоа со години редовно примал терапија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот