Актерот Џејсон Момоа се раздели од девојката Еиза Гонзалес

Џејсон Момоа и Еиза Гонзалес, Фото: EPA

Актерот Џејсон Момоа и Еиза Гонзалес ја прекинале својата врска, пишува магазинот „People“.  Неименуван извор открил дека актерот и актерката раскинале по неколкумесечна врска.

Друг извор близок до актерите откри дека Џејсон и Еиза „се надеваат дека работите би можеле да се подобрат“. „Тие многу се сакаат и се гледаат веќе некое време, пред јавно да ја објават својата врска“, рече тој, додавајќи дека моментално се во „различни фази од животот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies)

„People“ пишува дека нивната врска била „ексклузивна“ и дека се гледаат од февруари.

„Во моментов не прават голема драма за ситуацијата. Гледаат колку можат да добијат, односно колку дозволуваат нивните деловни обврски“, забележал изворот.

Тој ги истакна и разликите во нивните карактери. И двајцата ги опиша како забавни и опуштени луѓе. Изворот рекол за Гонзалес дека е повеќе наклонета кон подолги врски, додека Момоа е „одличен тип, многу дарежлив и секогаш расположен“, но и не брза со сериозни врски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eiza Gore (@eizagonzalez)

„Не дека не ја сфаќа сериозно, но бидејќи има деца, нема лесно да навлезе во нешто посериозно“, изјавил изворот.

Инаку, на почетокот на годината Џејсон Момоа и Лиза Бенет ја прекинаа врската по 16 години, од кои 4 во брак. Тие имаат две деца, ќерката Лола (14) и синот Нако-Волф (13).

џејсон момоа лиза бонет
Џејсон Момоа и Лиза Бонет / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот