Актерката Шарлиз Терон отворено за љубовта: Повеќе не сакам мажи во мојот живот!

Фото: Профимедиа.рс

Холивудската актерка Шарлиз Терон откри дека можеби никогаш повеќе нема да се всели со маж.

Шарлиз (44) откако во 2010 година ја прекина долгогодишната врска со своето момче Стјуард Таунсенд во едно интервју за Мирор откри:

Profimedia

„Не знам дали некогаш ќе можам да живеам со некој. Да бидам потполно искрена, можеби ќе мораат да купат куќа покрај мојата“.

„Не знам дали некогаш ќе можам да се носам со тоа. Престара сум за тие глупости, истакна оскаровката додавајќи дека маж во животот воопшто не и недостасува“, додала актерката.

Сепак, се докажа спротивното и таа во 2013 година започна врска со актерот Шон Пен која траеше се до 2015 година. Актерот неодамна се ожени за својата трета сопруга, а актерката се врати на поранешниот страв.

Шарлиз Терон со своите две деца / Фото:  NGRE / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Но, во едно интервју за британски таблоид, актерката ги негираше гласините дека сака да се омажи за Пен. „Тоа не е точно. Не, јас не сум се„ омажила за Пен. Тоа е сра*е. Ние излегувавме. Тоа беше сè што направивме. Дефинитивно бевме пар, но едвај бевме заедно една година. Никогаш не сме живееле заедно. Никогаш не сакав да се омажам за него. Тоа не беше во план“.

Терон моментално е сингл и среќна. Актерката е горда мајка на две деца деца која успешно ја води својата кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот