Актерката Сандра Булок го очекува своето прво биолошко дете!

Facebook

Американската актерка и миленичка на јавноста, Сандра Булок, повторно се најде во центарот на вниманието. За време на последното интервју со Џејда Пикет Смит, Сандра ја покажа својата ќерка Леила која јавноста ја нема видено уште откако беше посвоена во 2015 година од Луизијана. После тоа интервју започнаа гласините дека ова нагло отварање спрема јавноста се должи на големата среќа која очигледно дошла во нејзиното мало семејство. Всушност, како што пишува магазинот NW, Сандра го очекува своето прво биолошко дете, а малите Леила и Луис, го очекуваат својот нов брат или сестра.

Printscreen

Спред медиумите, извори блиски на актерката откриле дека таа вешто го крие својот стомак, а единственото нешто што ја издава е нејзиното потполно изолирање од очите на јавноста, пропуштањето на тренинзите и нејзиното одбивање на алкохол на забавите. Сандра имаше желба да основа семејство со поранешниот партнер Џеси Џејмс, но парот прекина по неговото изневерување со повеќе од 20 жени. Актерката последните две години, како што вели изворот, се обидувала да забремени со помош на вештачко оплодување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот