Актерката призна дека веќе три години има помладо момче, а кажа што мисли и за денешните девојки! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Познатата српска актерка Лидија Вукичевиќ (57) признала дека е заљубена во помладо момче и дека љубовта за неа е неопходна за да може да функционира.

– Не можам да ви кажам име, секако нема ништо да ви значи. Три години сме заедно. Можам само да ви кажам дека помладите момци денеска се многу посериозно од повозрасните – започнала актерката.

– Денешните девојки не можат на младите мажи да им понудат многу, бидејќи се такви какви што се. Паметните млади мажи, кои се прекрасни, бараат личност и содржина. Јас немам таков проблем што сум во врска со помлад од мене. Годините се важни само кај виното – рекла Лидија.

Фото: Инстаграм

Како што вели, не е во прашање пилот, со оглед на тоа дека пред неколку години призна дека е со маж кој по професија е пилот.

Сега во прашање е некој друг.

– Се работи за бизнисмен. Многу зафатен човек. Јас сум во постојана контрадиктороност. Површните луѓе го проценуваат само мојот надворешен изглед, а не мојата внатрешност, она што го носам во себе. Тие не гледаат дека сум многу повеќе од овие локни што ги имам. Целиот живот читам, поседувам библиотека каква ретко кој има во овој град. Мразам кога луѓето прават проценка само поради надворешниот изглед. Кога сум со некој повозрасен, велат: „Види ја, со овој дедо е сигурно поради пари“. Кога сум со помлад од мене, велат: „Види ја, тој може син да биде“. Целиот живот сум во некоја контра – раскажала познатата актерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот