Актерката позната како Хурем султан го откри името на својата ќеркичка

Instagram

Актерката Мерјем Узерли пред шест години, за време на нејзината прва бременост, се соочи со еден од најтешките периоди од нејзиниот живот. Тогаш таа сама ја пречека својата прва ќерка Лара, но овој пат не е сама, но таткото на нејзиното второ дете сè уште се крие од јавноста.

Турската актерка, која ја гледавме во улогата на султанката Хурем во серијата „Сулејман Величенствениот“, ја објави среќната вест на својот инстаграм – профил.

Со неколку фотографии, таа на своите обожаватели им откри дека во петокот го родила своето второ дете, девојче кое таа и нејзиниот партнер го нарекле Лили Кои.

Instagram
Instagram

Најмила моја Лили Кои… Лара, тато и јас сме многу среќни што пристигна во нашето семејство. Ние сме благословени и среќни што ни се придружи“, напиша Мерјем во описот на првите фотографии со својата ќерка.

Иако минатиот септември ја откри својата втора бременост, актерката не сакаше да го открие идентитетот на таткото на нејзината ќерка, кој не сакал да се експонира во јавноста.

Но, изминатиов период турските медиуми почнаа да шпекулираа дека таткото на бебето е популарниот турски актер Каглар Ертугрул. Но, никој од нив досега не ги потврди или негираше овие гласини.

Instagram
Instagram

Со самата најава за раѓањето на нејзината ќерка, таа остана дискретна, почитувајќи ја желбата на својот сакан.

Instagram
Instagram

Лара долго време сакаше брат или сестра, јас сум пресреќна што нејзината желба наскоро ќе се оствари. И јас сум среќна затоа што основам свое семејство“, изјави Мерјем во интервју минатата година.

Имено, пред да ја роди својата прва ќерка, актерката се соочувала со сериозни здравствени проблеми, а додека се обидуваше да се опорави, остана бремена. Во тоа време, нејзиниот партнер, претприемачот Кан Атеш, ја принудувал актерката да абортира, но таа одбила. Нивната врска заврши неславно, целосно прекинувајќи ги контактите и таа сепак одлучи да ја донесе на свет Лара.

Instagram
Instagram

Од тие бурни периоди во нејзиното минато, Мерјем не зборува за нејзиниот приватен живот, одлучувајќи среќата во нејзиниот живот да ја чува за себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот