Актерката Патриша Аркет откри дека била на состанок со убиец

epa-efe
epa06640105 (FILE) - US actress Patricia Arquette arrives for the 87th annual Academy Awards ceremony at the Dolby Theatre in Hollywood, California, USA, 22 February 2015 (reissued 01 April 2018). Arquette will celebrate her 50th birthday on 08 April 2018. EPA-EFE/PAUL BUCK

Актерката Патриша Аркет на социјалнаа мрежа „Твитер“ откри дека била на состанок со човек кој подоцна бил осуден за силување и убиство.

Станува збор за Марк Роговски Гатор кој бил осуден за силување и убиство на 22-годишната Џесика Бергстајн во 1991 година.

epa-efe
EPA-EFE/CHRISTIAN MONTERROSA

Актерката го откри ова одговарајќи на прашање на обожавател кој ја праша кој бил најлошиот состанок на кој некогаш била.

Втор состанок. Тој беше професионален скејтбордер и многу симпатичен. Беше пријател на мои пријатели. Се забавувавме, но нешто ме исплаши кога ме бакна. Му дадов погрешен телефонски број. Години подоцна ја убил својата девојка“, напиша 53-годишната актерка.

Instagram
Instagram

Роговски моментално се наоѓа во затвор и издржува 31-годишна затворска казна за убиство и силување. Тој беше популарен професионален скејтбордер во осумдесеттите години, но неговата кариера замре во 90-тите години поради зависност од алкохол, пишува „Дејли меил“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот