Актерката Кејт Босворт со емотивна објава за разделбата со нејзиниот сопруг Мајкл Полиш

Кејт Босворт
Фото: Принтскрин/Instagram

Актерката Кејт Босворт на својот инстаграм-профил сподели дека се разведува од својот сопруг, режисерот Мајкл Полиш, по осум години брак.

„Почетокот е често најдобриот дел од љубовта. Огномет, магнети, бунт – привлечност. Почетокот сигнализира широко отворени можности. Поделете хамбургер со некого кога ќе се вљубите и можете среќно да умрете знаејќи дека ова е вашиот последен оброк. Купете шише виски и испијте го заедно. Пуштете ја таа совршена песна на џубокс и танцувајте со некој за кого имате чувство дека го знаете цел живот, иако сте го запознале пред неколку минути“, започна актерката во описот на црно-белата фотографија на која таа и Мајкл се бакнуваат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Bosworth (@katebosworth)

„Инхерентно, се плашиме од крајот. Да го изгубите она што го имате затоа што сте го добиле она што сте го сакале. Да ве привлекува очекувањето – каде оди сево ова. Големото непознато. Што ако избереме да не се плашиме, туку да сакаме? Кога тој најчувствителен и најранлив последен трепет на пламенот прерасне во сосема поинаков вид топлина. Можеби ова за некои звучи чудно, за други романтично. За нас: ова е вистината. Нашите срца се полни затоа што никогаш не сме биле толку вљубени и длабоко благодарни еден на друг како што сме во оваа одлука да се разделиме“, напиша 38-годишната актерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Bosworth (@katebosworth)

„Заедно, во изминатите десет години, Мајкл и јас секогаш избиравме љубов. Денес се држиме за раце како на нашата венчавка. Нашите очи гледаат подлабоко еден во друг, сега со повеќе храброст. Во процесот на разделба признавме дека нашата љубов никогаш нема да заврши. Врската едноставно не исчезнува. Љубовта се продлабочува, срцето се шири. Знаеме дека ќе следат повици во четири часот наутро. Ќе се разменуваат песни заради комуникација, онака како што само песните знаат. Се смееме додека го планираме следниот филм заедно и возбудени сме што можеме да ја споделиме нашата најнова соработка. Веруваме дека најепските љубовни приказни се оние кои ги надминуваат очекувањата. Наша најголема чест беше да ја доживееме оваа љубов и да продолжиме да се восхитуваме на убавината на еволуција на љубовта. Што се случува кога ќе стигнеме до крајот и ќе сфатиме… ова е само почеток“, заврши таа со емотивната објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Bosworth (@katebosworth)

Нејзините бројни следбеници, обожаватели и пријатели ѝ испратија зборови за поддршка во коментарите.

Ви испраќам многу љубов и сила“, „Прекрасен нов почеток“, „Прекрасно кажано“, „Со среќа на вашето ново патување“, беа само дел од коментарите.

Австралиската актерка се запозна и се вљуби во Мајкл во 2011 година на снимањето на драмата „Big Sur“ во режија на Мајкл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот