Актерката и мис на светот заврши во болница поради ковид-19

Боливудската ѕвезда и поранешна мис на светот Аишварија Раи Бахчан, која беше позитивна на тестот за ковид-19, е пренесена во приватна болница во Мумбаи заедно со нејзината осумгодишна ќерка.

Аишварија Раи (46) и нејзината ќерка Арадија биле во изолација во нивниот дом, но биле примени во болница поради тешкотии во дишењето, пишува дневниот весник „Тајмс оф Индија“.

– Тие се добро – рекол извор од болницата.

Свекорот на Раи, индиската филмска легенда Амитаб Бахчан (77) и нејзиниот сопруг Абишек Бахчан (44), исто така, највлијателни актери на Боливуд, биле примени во врвната приватна болница „Нанавати“ во Мумбаи на почетокот од оваа недела.

Аишварија Раи беше мис на светот во 1984 година, а филмската кариера ја започна во 1990 година. Денес, таа е лице на многу мултинационални козметички компании. Аишварија редовно се појавува на листите на најубави жени на светот.

Од почетокот на пандемијата во Индија, повеќе од 26.000 луѓе починаа од последиците на ковид-19. Индија, која регистрираше повеќе од милион заболени, има трет најголем број заразени луѓе во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот