Актерката Ешли Џад преживеала тешка повреда во Јужна Африка

Instagram

Актерката Ешли Џад раскажа за болното искуство за кое верува дека ќе ја изгубела ногата, откако се сопнала во дождливата шума во Конго и се здобила со тешка повреда.

55-годишната актерка во интервју на социјалната мрежа „Инстаграм“ раскажа дека била заглавена на земја пет часа со „лошо скршена нога“, гризела стап и „завивала како диво животно“ среде џунглата во Конго.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ♛_90’s divas_♛ (@90s_images)

Несреќи се случуваат…“, го почна разговорот со колумнистот на „New York Times“, Николас Кристоф.

Џад вели дека поминала агонија која траела со часови. На крај била пренесена во хамак до кампот од каде со мотор, била пренесена до најблиската болница и тоа траело шест часа. А целиот процес траел 55 часа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicholas Kristof (@nickkristof)

Бев на самиот раб“, вели таа, раскажувајќи дека несреќата се случила во раните утрински часови.

Ѕвездата и активист на „Double Jeopardy“ секоја година поминува голем дел од времето во Африка. Таа за време на интервјуто сакаше да ја искористи можноста да ја подигне свеста за проблемите со сиромаштијата и заштитата на животните.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicholas Kristof (@nickkristof)

Ешли била таму на истражувачки проект за „bonobos“ – вид на примати во опасност. Таа воедно истакна дека е свесна за „привилегијата“ што и овозможила да добие релативно брза медицинска нега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот