Актерката Ема Стоун се венчаше во тајност, но очекува и принова! (ФОТО)

Instagram
Instagram

Во декември минатата година, холивудската актерка потврди дека по две години врска се верила со нејзиниот партнер, поранешен продуцент на популарната емисија „Saturday Night Live“ Дејвид Мекари, а парот сега го легализирал бракот во најголема тајност, само неколку месеци пред им се роди првото дете.

View this post on Instagram

?

A post shared by @ davemccary on

Откако папараците ги забележаа 31-годишната Ема Стоун и четири годишни постариот Дејвид Мекари како носат идентични златни прстени на раката, извор близок до парот потврдил за „Page Six“ дека конечно ја легализирале нивната тригодишна врска во тајност.

Но, на фотографиите не беа откриени само венчалните прстени, туку и трудничкиот стомак кој Ема Стоун се обиде да го скрие зад трегерите.

Поранешниот продуцент на популарната емисија „Saturday Night Livе“, Дејвид Мекари ја запроси својата девојка уште во декември минатата година и се пофали со тоа на својот профил на Инстаграм, а датумот на венчавката првично беше закажан за март. Но, поради пандемијата на коронавирусот беше одложена.

Се шпекулираше дека познатата добитничка на Оскар и продуцент биле во врска уште во октомври 2017 година, но тие се запознале една година порано кога таа била гостинка на „Saturday Night Live“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот