Актерката Елизабет Харли и нејзиниот син Демијан се огласија по смртта на Стив Бинг: Не е вистина дека не го познавав мојот татко!

инстаграм

Продуцентот и сценарист Стив Бинг (55) вчера изврши самоубиство со скокање од 27-ми спрат на една зграда во Лос Анџелес, а наводно бил депресивен поради изолацијата и осаменоста за време на пандемијата од коронавирусот.

инстаграм

После оваа потресна вест многумина беа заинтересирани како ќе реагира британската актерка Елизабет Харли и нејзиниот син Демијан (18), кој е роден после нејзината 18-месечна врска со Бинг. Милионерот наводно одбивал да го признае татковството, а ДНК анализата покажала дека тој сепак е неговиот татко.

инстаграм

Медиумите со години пишуваа дека Демијан никогаш не го запознал својот татко, а денес после шокантната вест за неговата смрт, тој се огласи на Инстаграм.

профимедиа

„Ви благодарам на сите од дното на мојата душа бидејќи ми се обративте после оваа страшна вест. Се обидувам да им одговорам на сите, но сакам да знаете дека секогаш ќе ја памтам вашата љубезност“, порачал младиот манекен и додал „Ова е многу чуден и збунувачки момент и бескрајно сум благодарен што сум опкружен со феноменално семејство и пријатели“.

профимедиа

Како што пишува „DailyMail“, не било вистина дека Демијан и неговиот татко никогаш не комуницираат. Тие наводно се зближиле во последно време и разговарале за неговиот 18 роденден.

профимедиа

За веста се огласи и Елизабет Харли, која напиша дека е тажна што дознала дека нејзиниот поранешен партнер не е повеќе меѓу живите и истакна дека некогаш оддамна биле многу среќни. Актерката додала дека последен пат разговарала со Бинг на денот на 18-от роденден на нивниот син.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот