Актерката била уапсена бидејќи правела „корона-забава“ за роденденот на сопругот!

Фото: Инстаграм

Нигериската актерка Функе Акинделе – Бело (42) е уапсена за тоа што на својот сопруг му организирала роденденска забава и покрај карантинот и забраните за собирање во групи.

Ѕвездата од бројните филмови и нејзиниот сопруг предизвикале бес во јавноста, откако на Инстаграм објавиле фотографии и снимки од забавата.

Интересно е тоа што актерката со денови на своите фанови им испраќала пораки да ги почитуваат правилата и да не излегуваат од дома.

– Не можам да верувам како некои луѓе можат да бидат толку лицемерни. Богатите ги учат граѓаните на некаков ред, а самите не се придржуваат до тоа – се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм

– Жал ми е ако погрешно ве учев со видеоснимката, ја разбирам вашата грижа и ветувам дека во иднина ќе го практикувам тоа самата го проповедав – рекла актерката.

Таа додала дека на забавата биле исклучително блиски луѓе и луѓе од продукциската куќа. Парот во понеделникот се појави на суд каде се изјасниле за виновни. Тие се казнети до 14 дена социјално корисна работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот