Аксиос: Трамп размислува за медиумска империја како пандан на Фокс њуз

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за создавање на дигитална медиумска империја која ќе се натпреварува со Фокс њуз, пренесува порталот Аксиос.

Извори откриле за медиумот дека Трамп им рекол на пријателите дека сака да создаде дигитален медиум што ќе го уништи Фокс Њуз. Некои советници веруваат дека Фокс Њуз направи грешка откако го прогласи Џо Бајден за победник во Аризона. Досега само Фокс Њуз и АП го објавија Бајден за победник во таа сојузна американска држава.

– Тој планира да ја разбие Фокс. Нема сомнение во тоа, изјави извор.

Постојат многу шпекулации дека Трамп ќе создаде ТВ-канал, но на интернет, бидејќи тој ќе биде поевтин и ќе проработи побрзо. Неговите обожаватели ќе плаќаат за гледање на ТВ-каналот. Многумина од нив ја гледаат „Фокс њуз” и американскиот лидер планира да ги привлече на неговиот тв-канал.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот