„Аксиос“: Меконел нема да гo свика Сенатот за судењето за импичмент на Трамп

Фото: EPA/ANDREW GOMBERT

Лидерот на републиканското мнозинството во Сенатот, Мич Меконел нема да свика итна седница во петок, со што се одлага почетокот на судењето на актуелниот претседател Доналд Трамп, најрано на 19 јануари.

Меконел денеска го информира денеска лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, дека нема да го свика горниот дом на американскиот Конгрес во итна постапка според надлежноста за итни дела од 2004 година.

– Судењето макар да почне и утре, ќе нема доволно време тој да биде отстранет од функцијата, изјави Меконел за изданието.

Според републикански извори, шансите Меконел да гласа за осуда и отстранување на Трамп од функција се повеќе од 50 отсто. Лидерите на републиканците сакаат тој да биде отстранет од партијата, но се поделени околу начинот како да се стори тоа, коментира изданието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот