АКП поднесува приговор за неправилности за сите општини во Истанбул

EPA-EFE/ERDEM SAHIN

По објавувањето на финалните резултати на Врховниот изборен совет на Турција за локалните избори одржани на 31 март, владејачката партија најави дека ќе поднесе приговор за неправилности во сите општини во Истанбул.

Од АКП тврдат дека има големи неправилности во избројувањето на гласовите во сите општини во Истанбул.

Врховниот изборен совет на Турција дека рокот за приговори истекува денес во 15:00 часот по локално време. Тие истакнаа дека нема да се земат предвид приговорите што ќе бидат поднесени после дадениот рок.

Од владејачката партија најавија и приговори за неправилности и во главниот град Анкара.

Инаку на локалните избори во Турција одржани на 31 март, владејачката партија победи со 38,85% наспроти 27,48% во однос на најголемата опозициска партија во Турција ЏХП, но доживеа изненадувачки пораз  во некои од најголемите градови во земјата како што се Истанбул, Анкара и Анталија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот