Ако замине од Јувентус, Роналдо може да заврши во овие три клуба

фото: твитер

Познато е дека Роналдо во моментот не поминува добри моменти во Јувентус. На последниот меч одигран во Сериjа А, Роналдо беше заменет во почетокот на второто полувреме, што предизвика големо негодување кај Португалецот, кој пред време си замина од стадионот, и не го дочека крајот на мечот.
Роналдо се врати во репрезентација на Португалија, каде блесна со три постигнати гола и покажа дека се уште е во добра форма.

Тој се врати во Торино, но заедничката вечера на која требаше да присуствува целиот тим на „старата дама“ е откажана и наместо тоа Роналдо во текот на денот треба да има средба со претседателот Андреa Ањели на која треба да се затвори случајот со нервозното однесување на фудбалерот по замената против Милан.

Според El Chiringuito Tv, медиум кој што е добро информиран во врска со сè што се случува со Португалецот, пишува дека Кристијано има намера да си замине од Јуве ако не успее да освои Лигата на шампионите.

Друг шпански медиум, „El Diario“, почна да шпекулира и со имиња на клубовите каде би можел да заврши Роналдо. Според нив во игра се три опции: враќање во Манчестер Јунајтед, нова авантура во САД, или завршување на кариерата во клубот од каде што започна се, Спортинг Лисабон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот