Ако украдете нешто од овој хотел, ќе го добиете претседателскиот апартман на подарок

Меки пењоари, пешкири или влечки се само некои од предметите кои најчесто се крадат во хотелските соби ширум светот. И додека некои хотели поради „случајно позајмените“ работи ви прогледале низ прсти и се преправале дека ништо не се случило, други ќе ви го наплатат украдениот предмет.

Токму поради тоа многумина ги изненади промотивната акција на хотелот The Roosevelt New Orleans, кој ги повикува своите гости слободно да украдат од нив по повод нивната 125-годишница од отворањето.

„Лицето кое ќе ја покаже најспецифичната и најневообичаена работа која ја украло од нашиот хотел до 1 јули ќе добие седум бесплатни ноќевања во нашиот претседателски апартман, бесплатни приватни вечери кои ќе им ги подготвува нашиот познат готвач и одмор во спа зоната“, изјави генералниот менаџер Тод Чемберс.

Персоналот исто така се надева дека во текот на оваа необична акција ќе ги добие назад украдените предмети од долгото минато на хотелот, а се што им пристигнало досега се неколку украдени чинии од ресторанот, стари чаши, избледени мениа и еден свеќник. Предметите ќе бидат изложени во лобито на хотелот по истекот на акцијата.

Вкупната вредност на оваа акција изнесува 15.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот