Ако треба ќе одам во затвор: Српскиот пејач Дарко Лазиќ прозборе за приведувањето! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Познатиот српски пејач Дарко Лазиќ е двапати приведен за последните два месеци. Првиот пат поради кршење на полицискипт час, а вториот пат поради возење без возачка дозовла.

Дарко за медиумите изјавил дека седнал во автомобилот без дозвола и направил прекршок, бидејќи морал да го однесе своето дете на доктор, а сега тврди дека е подготвен да ги сноси последиците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DARKO LAZIĆ (@darkolazicofficial) on

– Не го направив тоа намерно, немав друг избор. Како што веќе кажав, нема да се повтори. А, тоа што испратив лоша порака, ете велам дека такво нешто не треба да се прави. Убаво кажав и еве ќе повторам: Ќе идам во затвор ако треба! Но, нема потреба, јас ги платив своите казни. Не знам зошто толку се фатиле за тој затвор, како да сум единствен кој направил сообраќајен прекршок и ја платил казната. Не разбирам – рекол пејачот за српски „Курир“.

Радиша Трајковиќ – Џани неодамна изјавил дека е разочаран од Лазиќ, кој ниту еднаш не го побарал откако бил приведен поради кршење на мерките.

– Џани нема да го коментирам. Немам што да кажам на тие глупости – изјавил Дарко за истиот медиум.

Исто така додал дека скоро два месеци ја нема видено својата ќерка Лорена, која живее со неговата поранешна сопруга Ана Севиќ.

– Не сум ја видел откако трае ова вонредна состојба. Лорена е со мајка си во изолација, така е најдобро. Едвај чекам да помине сето ова и да ја видам – рекол пејачот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот