АКО ТИ СЕ ДОПАЃА, ЌЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ: Професор од Хрватска ја нудел својата 15-годишна ќерка преку пораки

Десетина луѓе во Хрватска примиле порака со вознемирувачка содржина. На екранот била млада девојка, а потоа следувала и зборовите: „Ако ти се допаѓа, ќе се договориме“, објави „Еспресо.рс“.

Автор на шокантната порака е маж во раните четириесети години, а девојката е неговата 15-годишна ќерка. Сѐ се случувало во неименувано место на истокот од Хрватска.

Од полицијата и Општинскиот државен обвинител рекоа дека работат на случајот, кој во меѓувреме го преземало Жупаниското државно обвинителство за младинци. Но, поради фактот дека станува збор за чувствителен предмет во кој жртвата е дете, детали не е дозволено да се објавуваат во јавноста.

Мажот и девојката не живеат заедно. По разводот на родителите, таа останала да живее кај мајка ѝ, а кај таткото доаѓала за викендите и за празници. Таткото, кој патем е професор во едно училиште, ги користел моментите кога поминувал време со девојката за да ја фотографира. Фотографиите чувал на компјутер, за потоа да ги испраќа на познаници или на луѓе за кои мислел дека се заинтересирани за неговиот предлог.

Прочитајте и...  Бојаџиев: Кратовчани најмногу потфрлуваат во однос на дисциплината

За среќа никој не одговорил, а некој од потенцијалните клиенти го пријавил во полиција. Според непотврдени сознанија на порталот „24 сата“, на компјутерот на таткото на девојчето се пронајдени доволно фотографии и докази за да започнат истрага.

Законот за овој случај во Хрватска е прилично јасен. Кој намамува, регрутира или охрабрува учество во снимање на детска порнографија или кој организира или овозможува нејзино снимање, ќе добие казна-затвор од една до осум години, пишува „Еспресо“.

Во Хрватска сѐ уште е свеж случајот со, како што ја нарекоа тамошните медиуми, мајката-монструм, која од 2000 до 2009 година, користејќи го родителскиот авторитет и тешката семејна состојба, наоѓала мажи на кои ги нудела двете малолетни ќерки за пружање на сексуални услуги.

Прочитајте и...  Во Њујорк во последните шест часа на секои три минути има нова жртва од коронавирусот

Ќерките биле присилувани да ги задоволуваат мажите со кои нивната мајка се договарала, за цена од 700 куни (скоро 5.800 денари) и купување на производи за домаќинството.

Таа пред еден месец во судот во хрватскиот град Вараждин е осудена на четири години и десет месеци затвор.

Прочитај повеќе

Никола Димитров: Се гледа од каде ни доаѓа помошта!

Слободен печат

Руско МНР: Пристапувањето на Северна Македонија во НАТО се совпадна со денот на бомбардирањето на поранешна Југославија

Слободен печат

Родилка од Куманово позитивна на коронавирус, бебето останува на ГАК, таа оди на Инфективна

Слободен печат

Нагло слабеење на инфлацијата во Еврозоната

Слободен печат

Израелците наместо ракети произведуваат респиратори

Слободен печат

Во Лондон од коронавирус почина 13-годишно дете

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Гутереш: Сите земји треба да ги следат препораките на СЗО за да го ограничат ширењето на вирусот

Слободен печат

Уште една 100-годишна жена се опорави од коронавирусот – добра вест дојде од Холандија

Слободен печат

МАЈКИТЕ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА НЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ ОД СВОИТЕ ДЕЦА: Овие се проблемите со кои се соочуваат дома заради коронавирусот

Слободен печат

Путин му испраќа помош на Трамп: Руски авиони полни со опрема тргнуваат кон САД

Слободен печат

Штипјанец ќе плати пет илјади евра затоа што за време на самоизолација отишол на бербер

Слободен печат

Виенски економски институт: Рецесија им се заканува на сите земји од Средна, Јужна и Источна Европа

Слободен печат