Ако сте добиле грешна порака за вакцинација на мобилниот, тогаш пак треба да се пријавите

Вакцинација Македонија Борис Трајковски
Вакцинација во вакциналниот пункт во СЦ „Борис Трајковски“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

За вакцинација на граѓаните кои се тешко подвижни, а се дома, службите ќе излезат во пресрет и ќе извршат теренска вакцинација, велат од Министерството за здравство за Слободен печат.

Затворениците и оние кои се со престој во болниците, спаѓаат во критична група на граѓани и ќе бидат вакцинирани исто така според здравствените протоколи.

Откако деновиве во редакциите повеќе граѓани се пожалија дека добиле потврда за вакцинација и термин на погрешен телефонски број, односно дека нивните податоци не кореспондираат со пораката што ја добиле и податоците наведени во неа, од МЗ велат дека таквите ќе мора да го презакажат терминот.

– Граѓаните добиваат СМС порака со закажаниот термин за вакцинација на бројот кој го оставиле за контакт во самото аплицирање. Доколку во пораката не се нивните податоци оние што ги добиле, тогаш граѓаните треба да закажат повторно термин внесувајќи ги точните податоци на официјалната веб-платформа vakcinacija.mk, појаснуваат од МЗ за Слободен печат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот