Ако секој ден јадете по еден бадем, организмот на овој начин ќе ви биде благодарен

Фото: Unsplash

Секојдневното консумирање бадеми драстично ја намалува појавата на промени во структурата на ткивата предизвикани од заболувања кои доведуваат до болести дебелото црево.

Во едно од истражувањата, научниците од „Американската асоцијација за срце“ (American Heart Association) откриле дека честото консумирање јаткасти плодови е поврзано со помал ризик од развој на хипертензија (висок крвен притисок), кардиоваскуларни болести.

Меѓутоа, ова не се единствените промени кои науката ги потврдила.

Постојат уште четири промени потврдени од науката, а кои нашето тело ги доживува ако секојдневно консумираме бадеми, пишува „Bright Side“.

Намалување на холестеролот и подобрување на здравствената состојба кај дијабетес

Во друго истражување, докажано е дека пациентите кои страдаат од дијабетес тип 2 ќе доживеат подобрување во нивната физичка состојба доколку секојдневно консумираат бадеми. Тие, не само што помагаат во прочистување на артериите со намалување на лошиот холестерол, туку придонесуваат и за намалување на нивото на шеќер во крвта благодарение на минералите што ги содржат.

Побрзо и подобро закрепнување од породувањето

Во Индија постои долгогодишна традиција на консумирање на бадеми како природен лек за регулирање на протокот на супстанциите низ дигестивниот систем и зголемување на енергијата. Бадемите често им се препорачуваат на жените по породувањето за да им помогнат побрзо да закрепнат и да ја спречат појавата на стриите.

Од бадемите бебето може да биде попаметно

Докажано е дека бадемите можат да ја зголемат активноста на мозокот. Според студијата спроведена од „Барселонскиот институт за глобално здравје“, ако во бременоста консумирате 74 грама бадеми секоја недела, можете да придонесете вашето бебе да биде попаметно.

Во истражувањето спроведено од шпански научници учествувале 2.208 трудници. По породувањето, децата биле следени и тестирани кога имале една, пет и осум години. Децата чии мајки јаделе бадеми во текот на бременоста имале подобри резултати на тестовите за интелигенција.

Третман и намалување на акни

Според истражувањето објавено од Националниот институт за здравје, пациентите кои имале тежок облик на акни имале девет отсто помалку витамин Е во крвотокот. Јадењето бадеми за подобрување на изгледот на кожата е традиционален лек на Блискиот исток, за кој се испостави дека е и научно докажан.

Бадемите се преполни со витамин Е, како и со антиоксиданти кои можат да ви помогнат да ги излекувате акните и да ја подмладите кожата. Сепак, не треба да претерувате, доволно е да земате три до четири бадеми дневно бидејќи содржат и високо ниво на омега-6 масни киселини.

Што е подобро, сиров или печен бадем?

Нема разлика. И суровите и печените бадеми ги содржат истите хранливи материи и ги обезбедуваат истите здравствени придобивки за нашиот организам. Единствената разлика е што печениот бадем е повкусен.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот