Ако се заразите со новата варијанта на ковид-19, ова се симптомите што први ќе ги забележите

Ковид-19 коронавирус
Фото: Pexels

Новата варијанта на коронавирусот опфаќа околу 86 нови пријавени случаи на болеста.

Според пишувањето на Светската здравствена организација (СЗО), подваријантата на омикрон, BA.2, во моментов е доминантна во светот.

Според Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), минатиот месец варијантата BA.2 сочинувала околу 35 отсто од случаите, а BA.1 околу 57 отсто. Се чини дека оваа нова варијанта е и до 30 отсто полесна пренослива, а веројатно станува збор за амино киселините, протеините.

Исто така, пронајдена е и разлика помеѓу овие две варијанти според тоа колку болеста е сериозна, но и колку се слични симптомите со оригиналната варијанта на омикрон.

Според пишувањето СЗО, нема премногу разлики помеѓу овие две подваријанти на омикрон кога станува збор за тоа колку сериозна ќе биде болеста, што значи и дека симптомите се многу слични на оригиналната варијанта на омикрон.

Се разбира, симптомите може да бидат различни кај секого, но оваа варијанта веројатно ќе предизвика симптоми како настинка и грип, кои вклучуваат температура, кашлица и замор, а кај омикрон, сепак, е многу поретко се појавува губењето на мирис и вкус и сериозни компликации како пневмонија (воспаление на белите дробови).

Омикрон ќе резултира со многу поблаги симптоми кај луѓето кои биле вакцинирани и кои примиле бустер доза.

За оние кои не биле вакцинирани, симптомите може да се развијат во нешто посериозно, па дури и да доведат до хоспитализација или дури и до смрт.

Важно е да се запамети и дека некои луѓе нема да имаат никакви симптоми дури и ако се заразат, а тоа се однесува на приближно секој петти човек, па поради оваа причина, но и затоа што оваа нова варијанта многу лесно се шири, експертите во Америка прогласија дека мора да се воведат мерки за да се спречи толку брзо ширење на вирусот.

„Некои програми би можеле да помогнат да се направи тоа и да внимаваме како реагираме на оваа нова ситуација“, рече Џен Псаки, секретарка на Белата куќа. Важно е и понатаму да се тестирате ако сте биле во друштво на заразени личности, но и ако чувствувате какви било симптоми кои би можеле да значат ковид.

Кои фактори го зголемуваат ризикот од „долг ковид“?

Новата студија се обидела да одговори на некои важни прашања со следење на околу 200 пациенти со ковид и следење на нивните симптоми.

Доктор Иман Џоши откри некои информации.

„Истражувањето следеше мала група на луѓе позитивни на ковид па сѐ до закрепнување и неколку месеци потоа. Податоците беа споредени со контролна група здрави луѓе за да можат да се впери прст во разликите“, додава Џоши.

Според резултатите, се чини дека постојат четири главни фактори за кои научниците веруваат дека можат да претставуваат ризик за развој на долг ковид:

– Дијабетес тип 2
– Нивоа на SARS-CoV2 RNA во крвта
– Реактивиран вирус на Епштајн-Бар вирус (EБВ) откриен во крвта
– Присуство на антитела (кои по грешка ги напаѓаат ткивата)

Д-р Џоши додава дека студијата исто така открива дека жените кои некогаш имале и респираторни болести и имале повеќе црвени крвни зрнца имаат поголема веројатност да бидат дијагностицирани со „долг ковид“.

Џим Хит, главен автор на студијата, изјавил дека смета дека ова истражување ја нагласува важноста од проверка и споредба на податоците во раната фаза на болеста за да се открие како да се третираат пациентите, дури и ако во моментот не знаеме како да ги искористиме сите тие информации во овој момент, ќе научиме како да ги користиме.

„Кога пациентот постојано вели дека е изморен, а лекарот му вели да се одмори повеќе… Тоа сакаме да го спречиме, бидејќи мора да се признае дека во таква ситуација нешто не е во ред со пациентот, а ако ги знаеме симптомите на долг ковид и што го предизвикува, лекарот веднаш ќе ги препознае“, нагласува д-р Хит.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот