Ако пристигне нова верзија на францускиот предлог – ќе ја разгледаме, вели Османи

Министерот Бујар Османи на прес во МНР/Фото: МИА

Француското претседателство истекува за неколку дена, а Владата е отворена да ја разгледа новата верзија на францускиот предлог доколку таа пристигне, изјави вечерва за „360 Степени“ на ТВ Алсат министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

-Француското претседателство е до 30 јуни, тоа значи дека во наредните денови, доколку тие се решат за нов предлог, согласно овие ставови на двете страни кои беа и јавно објавени, ние сме отворени да го процениме. Доколку добиеме предлог, ќе бидат консултирани институциите и ќе донесеме решение. Апсолутно нема да се водиме од хибридни напади, од разочарани политичари кои сметаат дека можат да вратат кариера на бранот на јавното расположение. Ние сме избрани да водиме и ќе водиме доколку сме убедени дека тоа е политика која води напред за граѓаните и државата – наведе Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот