Побрзо ќе дојдеме до ефикасен лек против коронавирусот aко повеќе жени има во одборите на директори, вели новото истражување

Со оглед на тоа што ФДА се залага за брзо изнаоѓање на ветувачки третмани, вакцини и тестови за коронавирус, првата студија од ваков вид ни зборува дека жените кои се вклучени во одборот на медицинските компании можат буквално да ни го спасат животот.

Неформалниот преглед на фирмите кои се занимаваат со изнаоѓање на 20 третмани и вакцини против Ковид-19, кои се во развој, утврдил дека во 40 отсто од фирмите, односно во осум фирми, немало ниедна жена во одборот, или имало само една жена.

Биотехнолошката компанија „Џилед сајенсис“ пак, која го разви антивирусниот лек, ремдесивир, неодамна бргу проследен од ФДА (Управа за храна и лекови), има четири жени директори во нивниот деветчлен одбор.

Новата студија насловена „Влијанието на жените-директорки врз одлуката за повлекување на производи“, предводена од Кеитлин Вовак, доцентката за информатичка технологија, аналитика и операции во колеџот Мендоза при универзитетот Нотр Дам во Индијана, открива дека производите што можат да им наштетат или убијат потрошувачите се повлекуваат многу побрзо кога има жени во одборот на компанијата што го произведува производот.

Студијата утврдила и дека оштетените производи со помал степен на сериозност, кои можат да се сокријат од регулаторите и што не мора да се повлечат, поретко се кријат кога во одборот има жени директорки.

Истражувачите анализирале 4.271 повлекувања на медицински производ во период од 11 години, во 92 трговски фирми регулирани од Управата за храна и лекови.

Резултатите покажале дека во споредба со одборите составени само од мажи директори, оние со жени членки реагирале побргу за 28 дена, што претставува намалување за дури 35 проценти во времето на отповикување.

Истражувачите откриле дека колку повеќе жени има во одборот, толку поефикасно е повлекувањето.

Според истражувањето, само една жена-директорка во одборот не е доволна да ги натера фирмите побрзо да ги повлечат производите, потребни се најмалку две жени директоки за да влијаат на навременоста на сериозните повлекувања на производи и три жени директорки за да ги придвижат работите уште побрзо.

„Веруваме дека нашата студија покажува дека постои разлика во многу реални и важни исходи меѓу фирмите кои додаваат жени во нивните одбори и оние што не го прават тоа“, истакнува Вовак.

Макрон со најлош рејтинг во справување со пандемијата, од оваа жена-лидер граѓаните се најзадоволни (ФОТО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот