Ако по „утрото денот се познава“, ни следува пеколно топла година

Глечери / Фото архива

Последните пет години и целата измината деценија се најтоли од времето кога се мерат температурите, што ја покажува брзината на климатските промени кои земаат замав, пишува „Гардијан“.

По рекордно топлата деценија, завршена со 2019-тата година која беше втората најтопла регистрирана на планетата, и од 2020 година започна во ист ритам. Минатиот месец беше најтоплиот јануари од кога постојат мерењата, со температура од дури пет степени над просекот.

Податоците на Националната управа за океан и атмосфера (НОАА) покажуваат дека, според климатската евиденција чувана 141 година, просечната температура на компнените и морските површини за 20 век во јануари оваа година е надмината за 1,14 степени Целзиусови

Просечната температура во јануари за 0,03 степени Целзиусови ја надмина онаа од истиот месец во 2016 година, кој беше најтоплиот прв месец во годината дотогаш забележан и беше за 0,77 степени Целзиусови потопол од јануари од референтниот период 1981-2010 година.

Последните пет години и целата измината деценија се најтоли од времето кога се мерат температурите, што ја покажува брзината на климатските промени кои земаат замав, пишува „Гардијан“.

Температури повисоки од просечните се забележани речиси во сите области на Земјата. Така во Европа температурата беше за 3,1 степени повисока од просекот за референтниот период 1981-2010, додека во делови на североисточна Европа, Скандинавија и дел на Русија таа разлика ја помина границата од дури шест степени.

Во меѓувреме, на Антартикот на почетокот на овој месец дојде до огромни температурни скокови. На традиционално најстудениот дел на планетата забележана е температура од дури 20 степени, само неколку дена откако беа забележани тогаш рекордни 18,3 степени. Научниците овие податоци ги нарекоа „неверојатни и абнормални“.

Поради емисиите на гасови со ефект на стаклена градина настанати како последици на човековите активности, планетата веќе е еден степен потопла во однос на прединдустриската ера, што остава разорни последици и предизвикува катастрофи како пожарите во Австралија или Амазонија.

Парискиот договор од 2015 година кој го потпишаа светските влади предивидува глобалното затоплување да се ограничи на меѓу два и 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустриската ера. Меѓутоа, емисиите на штетните гасови предизвикани со човекови активности досега не забележаа пад, ниту пак драстично намалување кое е неопходно да се оствари целта од два степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот