Ако планирате да го напуштите Фејсбук, има шанси тоа да ви се плати
Компанијата Фејсбук наводно ќе им плаќа на одредени корисници некое време да престанат да ја користат оваа социјална мрежа. Станува збор за дел од проектот кој го проучува влијанието на социјалните мрежи на политичките ставови и однесувањето во текот на наредните избори во САД.
Оние кои ќе престанат да користат Фејсбук некое време би можеле да заработат и до 120 долари, пренесува Вашингтон пост. Весникот објави фотографија од анкетата која е испратена на одредени корисници на социјалната мрежа Инстаграм.
Корисниците кои ќе се пријават да учествуваат во истражувањето ќе ги деактивираат своите профили на Фејсбук или на Инстаграм подоцна овој месец. Профилите би можеле да бидат деактивирани на период меѓу една и шест недели.
Американскиот весник додава дека корисниците ќе пополнат анкета пред повторно да ги активираат своите профили, пренесува Срна.
Фејсбук очекува дека во истражувањето ќе учествуваат до 400.000 луѓе, а таа компанија нема да ја финансира работата на независните истражувањето кои ќе го спроведат истражувањето. Се очекува резултатите од истражувањето да бидат објавени најрано кон средината на следната година.