
Ако пиете кафе во ова време, хормоните ќе ви дивеат: Доведува до дебелеење и стрес, а тоа не е сè
Кафето е еден од омилените пијалаци на многумина и голем број луѓе не можат да си го замислат денот без кафе, особено утринското. Токму поради широката употреба на овој производ, со години се води дебата за тоа дали кафето е всушност добро или лошо за нас.
Препорачано
Марк Хајман, американски лекар и автор специјализиран за функционална медицина, исхрана и холистички пристап кон здравјето, зборуваше токму за придобивките и штетите на кафето.
Тој ги откри позитивните страни на кафето, но и на кој начин овој пијалак може да ни одмогне кога е во прашање нашето здравје.
Иако нагласува дека има голем број на позитивни страни на овој пијалак, негативните ефекти на кафето врз нашиот организам се уште побројни, пишува „Хангри фор чејнџ“ (Hungry for change).
Еве 10 причини зошто можеби би сакале да престанете да пиете кафе
Кофеинот во кафето ги зголемува нивоата на хормонот на стресот
Кофеинот го поттикнува лачењето на катехоламини, хормон на стресот. Овој одговор предизвикува ослободување на кортизолот и го зголемува нивото на инсулин, што доведува до воспаленија и лошо чувство.
Ја намалува чувствителноста на инсулин
Навикнувањето на кофеин може да ја намали чувствителноста на инсулин, што им отежнува на клетките да реагираат правилно на шеќерот во крвта. Високото ниво на шеќер може да доведе до пропаѓање на артериите и зголемување на ризикот од кардиоваскуларни болести.
Нефилтрираното кафе може да го зголеми лошиот холестерол
Иако нефилтрираното кафе содржи многу корисни антиоксиданти, исто така ослободува дитерпени, кои се поврзани со повисоки нивоа на триглицериди, ЛДЛ и ВЛДЛ холестерол.
Го зголемува нивото на хомоцистеин
Хлорогените киселини од кафето можат да ја забават апсорпцијата на гликозата, но и да го зголемат нивото на хомоцистеин – показател за зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, што е особено изразено кај луѓето со дијабетес и дебелина.
Може да предизвика дигестивни проблеми
Киселоста на кафето може да доведе до дигестивни проблеми, жиговина, киселини во желудникот, рефлукс (ГЕРБ) и дисбиоза – нерамнотежа во цревната флора.
Може да предизвика зависност
Многу луѓе стануваат зависни од кафе и им е тешко да се потпрат на природни извори на енергија. Симптомите на одвикнување, како што се главоболки, раздразливост и замор, често наликуваат на симптомите на одвикнување од дрога.
Ја поттикнува зависноста од шеќер и млечни производи
Културата за пиење кафе често вклучува додавање шеќер и млечни производи. Ова го претвора кафето од пијалак во оброк полн со калории, но сиромашен со хранливи материи.
Може да го намали нивото на серотонин
Кај луѓето кои пијат кафе често се забележува зголемено излачување на 5-ХИА, супстанции поврзани со серотонин (хормонот на среќата), што може да укаже на намалена синтеза на серотонинот во мозокот. Ова може да доведе до проблеми со сонот, варењето, расположението и енергијата.
Доведува до губење на важни минерали
Кафето може да го зголеми излачувањето на калциум, магнезиум и калиум преку урината, што може да ја наруши рамнотежата на електролити и да предизвика сериозни здравствени проблеми.
Може да го попречи метаболизмот на лековите
Одредени состојки во кафето може да ја забават детоксикацијата во црниот дроб, што го отежнува метаболизмот на лековите. На пример, левотироксин (лек за тироидна жлезда) и трицикличните антидепресиви може послабо да се апсорбираат, што може да ги влоши симптомите кај пациентите.
Вреди да пробате живот без кафе!
– Ако сакате да тестирате како функционира вашето тело без кофеин, направете пауза и проценете како се чувствувате без овој стимуланс. Можеби ќе откриете дека имате повеќе природна енергија отколку што мислевте! – вели Марк.