Ако оваа жена прозбори, ќе се тресе сè од Вашингтон до Бакингемската палата: Кој сè е во „црната книга“ на Епстин?

Profimedia

Пред неколку дена е уапсена Гислејн Максвел, поранешната партнерка на милијардерот и осудуван педофил Џефри Епстин.

Profimedia

Максвел е осомничена дека подведувала девојки и ги тренирала за сексуални односи со богаташите, а на списокот на нејзините и клиентите на Епстин, како што се претпоставува, има голем број познати имиња.

Принцот Ендрју и Максвел/Profimedia

Со оглед на тоа што никој не бил поблизок со Епстин од неа, сигурно оние кои имаат каква било врска со неа се плашат што би можела Максвел да открие во затвор, пишува Њујорк пост.

Обвинителите ветиле дека „ќе ги донесат пред правдата“ сите одговорни, а нејзиниот пријател Кристофер Мејсон рекол дека верува дека Максвел имала пристап до видеоснимките од имотите на Епстин, кои мистериозно исчезнале.

„Сигурен сум дека таа има пристап до снимките. Многу моќни луѓе ќе бидат не баш малку загрижени“, рекол.

Клинтон и Максвел пред приватниот авион на Епстин/Profimedia
Profimedia

Кој сè е запишан во „црната книга“ на Епстин?

На самиот врв на листата, според пишувањата на Њујор пост се наоѓаат принцот Ендрју, Бил Клинтон и Алан Дершовиц. Сите тие се дружеле со Епстин.

Алан Дершовиц/EPA-EFE/SHAWN THEW

Милијардерот Глен Давин исто така е еден од нив. Познат е како директор на успешен фонд, како и неговата сопруга, докторката Ева Андерсон Давин, основач на Институт за борба против ракот. Имаат три деца и живеат луксузен живот со приватни готвачи, авиони и куќи во Палм Бич и во Шведска. Меѓутоа, Дабинови се поврзани и со Епстин и со Максвел.

Епстин и Ева Андерсон Дабин/принтскрин

Ева Андерсон била во врска со Епстин неколку години пред да се омажи за Дабин во 1994 година и застанала во негова опдбрана по обвиненијата против него во 2008 година, велејќи дека е „апсолутно сигурна кога Епстин е покрај нејзините деца“, кои во тоа време биле малолетни.

Брачниот пар ги отфрлил обвиненијата на Вирџинија Жуфра, која тврдела дека во 2016 година Максвел ја испратила кај Дабинови, по „тренингот со неа“.

На списокот е и убавата грофица Клер Хазел, која наводно истражителите сакаат да ја сослушаат по апсењето на Максвел.

Клер Хазел некогаш била студентка на Универзитетот во Охајо, а се сомневало дека школарината и ја платил токму Епстин. Се омажила во 2001 година за Едвард Гинис од познатото семејство кое води фабрика за пиво.

Хазел би можела да биде интересна за истражителите бидејќи работела за Епстин во 90-те години и летала со неговиот авион најмалку 32 пати во периодот меѓу 1998 и 2000 година, па би можела да биде сведок за врската со другите богаташи.

И политичарот Ехуд Барак (77), бивш премиер на Израел, исто така неколкупати е доведуван во врска со Епстин.

Барак се нашол на мета на сегашниот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој објавил текстови и фотографии од Барак како ја напушта куќата на Епстин во 2016 година. Во една прилика рекол дека „го сретнал Епстин повеќе од 10 пати, ама помалку од 100 пати.

„Не можам точно да кажам. Во текот на годините сум го видел повремено“, рекол.

Признал дека го посетил Ептсин во две негови куќи во Њујорк и дека еднаш го посетил и озлогласениот остров на Карибите, иако ги отфрлил обвиненијата дека учествувал во „секс журки“.

Бившиот гувернер на Њу Мексико Бил Ричардсон (72) и бившиот американски сенатор Џорџ Мичел (86) веројатно никогаш не замислувале дека ќе бидат дел од секс скандал. И двајцата се обидуваат на сите начини да се дистанцираат од врската со Епстин, посебно по апсењето на Максвел.

Останува да видиме чии имиња „ќе испливаат“ од „црната книга“ на Епстин.

Принцот Ендрју, Вирџинија Робертс и и Максвел /Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот