Ако одговорноста е моја, ќе се соочам со неа, вели директорката на МНТ

Фото: МНТ

Сѐ уште ја немаме конечната пресметка на направената штета во МНТ, но факт е дека штета има, вели за „Фокус“ Симона Угриновска, директорка на МНТ, по настанот во петокот, кога навивачката група Шверцери присуствувала на настан, проекција на документарен филм за 30 години постоење на Шверцери.

-Полицијата направи увид, станува збор за исечен тапацир на столиците, откоранти орнаменти и шипки, расклатени столици… Сепак, тоа беше маса на народ, над 700 луѓе- вели директорката на МНТ, за ,,Фокус”.

Видео снимки од настанот се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа дека навивачите скандираат, удираат по столиците, пеат и се однесуваат како на спортски натпревар, а не на културен настан во установа за чија изградба беа потрошени околу 40 милиони евра.

-Посетителите си влегоа културно во театарот, а тоа што се случи потоа беше голем шок. Полицијата влезе внатре, но не интервенираше. Значи, тоа беше маса на народ, слично како на спортски натпревар. Ќе се утврдува колку е точниот износ на направената штета. Околу објавите во одредени портали во кои се бара моја оставка, можам да кажам само дека јас не бегам од одговорност. Ако одговорноста е моја, ќе се соочам со неа – вели директорката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот