Ако никој не знаел, кој знаел?

epa08529962 (FILE) - Republika Srpska leader Radovan Karadzic (R) listens to VRS Commander Ratko Mladic (L) during a meeting in Pale, Bosnia and Herzegovina, 05 August 1993 (reissued 06 July 2020). A quarter of a century ago, the world witnessed the worst mass murder on European soil since World War II. Some 7,000-8,000 Bosniaks were slaughtered and 20,000 civilians were forcibly displaced in an act of ethnic cleansing perpetrated in the small eastern Bosnian village of Srebrenica, whose name will forever be linked to the infamous 1995 massacre. Today, 25 years after the massacre, the memory of its victims is kept alive by several institutions, such as the Museum of Crimes Against Humanity and Genocide in Sarajevo or a permanent exhibit at the 'Memorial Center Srebrenica-Potocari' that now occupies the former headquarters of the Dutch UNPROFOR Battalion. EPA-EFE/STRINGER ATTENTION: This Image is part of a PHOTO SET

Ако Младиќ не знаел. Ако Милошевиќ не знаел. Ако Караџиќ не знаел. Кој знаел? Да не е Дрекавец, чудовиштето од српската митологија? … Оваа држава, доколку искрено сака да излезе од целата таа работа, конечно – сама, без Хаг – нека утврди кој ја направи Сребреница

Овие кои со години најгласно го бранат српството, најмногу го валкаат, иако не се свесни за тоа. Иако, па, некои се. И Хитлер беше германски патриот, околу тоа нема дилема, иако Германците едвај преживеаја поради него. Исто како и Србите, на местата каде што ги бранеа ултранационалистите …

И затоа мене ми е интересна оваа формулација за српскиот свет, бидејќи нема повеќе Срби на Косово, јужно од Ибар… Но, да не ги будиме теориите на заговор…

Денеска патриотизмот е да си вакциниран. Ако не за себе, тогаш за нацијата што толку многу ја сакаш. И, тогаш интересно е што најмногу вакцинирани има во овие, пејоративно кажано, второсрбијански средини.

Кај нас национализмот уште како се долева во трактор. Тој им служи на еден куп Срби по професија за да се дограбат до службени банкарски картички на некоја државна фирма и да го откријат вискито лагавулин, под чие влијание потоа навечер, кога ќе дознаат дека има работи коишто и не се митови, признаваат дека не го мислат тоа што го велат преку ден.

Околу Ратко Младиќ имам да го кажам она што го рече Караџиќ во своето прво интервју од затворот за овој неделник: Сребреница ја направи најголемиот предавник на српскиот народ.

Но, кој го направи тоа? Ако Младиќ не знаел. Ако Милошевиќ не знаел. Ако Караџиќ не знаел. Кој знаел? Да не е Дрекавец, чудовиштето од српската митологија?

Го почитувам настапот на Младиќевиот син, кој вели дека не би бил до татко му кога и само би помислил дека има направено такво нешто.

Но, што изјави синот на Младиќ? Тој не ја негира Сребреница, исто како што не го негира Ратко Младиќ, ниту набилданите ултранационалистички навивачи, кои сепак признаваат – не е српски да се убиваат затвореници.

Ова е голем чекор напред во последните 20 години. Ниту една нормална личност тоа повеќе не го доведува во прашање.

Сега станува збор само за формулацијата, а не за злосторот.

Тоа е голема работа, бидејќи, од друга страна, да ги заборавиме пресудите од Хаг, некои ги негираат дури и едноставните факти.

Така, државниот врв на Хрватска и Готовина го слават протерувањето на 200.000 Срби, истовремено нарекувајќи го Тесла најголем Хрват.

Но, тоа си е нивна работа.

Оваа држава, доколку искрено сака да излезе од целата таа работа, конечно – сама, без Хаг – нека утврди кој ја направи Сребреница. Кој е тој што најголемиот предавник на српскиот народ, како што го нарекува самиот Радован Караџиќ? Кој со пореметен ум го стори тоа?

Бидејќи, ако никој не е одговорен, тогаш сме сите одговорни, како што забележува белградскиот професорот Александар Бауцал.

Преземено од „Недељник“ од Белград

Видео на денот