Ако немате време за готвење: Старо-нов рецепт за запечени полнети пиперки

Фото: Профимедиа

Во летните денови, полнетите пиперки се број еден на трпезата. Речиси не постои некој што не ги обожава. Се подготвуваат на различни начини, а повеќето ги полнат со месо.

Овој рецепт е совршен за сите оние што не се толку искусни во кујната, но и за оние што немаат толку време.

Состојки:

– десет пиперки бабури

– 400 г мелено месо

– 50 г ориз

– еден домат

– еден морков

– 500 мл сок од домати

– еден кромид

– сол, бибер

Подготовка:

Кромидот исечкајте го ситно, морковот изрендајте го, па соединете со меленото месо и оризот, а потоа додајте ги зачините. Сè добро измешајте, а најдобро е смесата да ја мешате со рацете за да се соединат добро сите состојки.

Пиперките исчистете ги и исечете им ги врвовите со дршка, па наполнете ги со подготвената смеса од месо. Од доматите направете капаци и затворете ги наполнетите пиперки.

Во садот за печење сипете масло и сок од домати, па наредете ги пиперките, а потоа додајте вода колку што е потребно за да се натопат пиперките.

Садот покријте го со фолија и ставете го во рерна загреана на 200 степени да се готват, односно печат. По 45 минути извадете ја фолијата и оставете ги пиперките да се печат уште половина час. Ако е потребно, намалете ја температурата на рерната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот