Ако немате идеја што да приготвите за ручек: Направете супервкусна мусака од остатоци од храна

Фото: Профимедиа

Кога имате од сѐ по малку, а сепак не доволно за да се добие посебно јадење – комбинирајте ги во едно.
Соберете ги остатоците од свеж или замрзнат зеленчук и искористете ги. Доколку случајно имате помалку од тоа што сте планирале, идеално решение е и оризот, кој би се додал во тој случај. Можете да го искористите и месото што ви останало од претходниот ден или месото од супата. Совршен ручек!

Состојки:

– 5 поголеми компири
– 1 главица кромид или неколку млади
– преостанат зеленчук (мешавина за руска, грашок, боранија, брокула, карфиол, печурки… свежо или замрзнато)
– 1 лажица сув зачин
– малку сол и бибер
– ливчиња магдонос
– шунка
– печеница, колбас, сланина… што ви останало
– ориз ако имате помалку компири или друг зеленчук
– 1 лажица брашно
– 100 мл масло

Подготовка:

Кромидот се сечка и се динста во масло на средна температура, па малку се пропржува. Во друго тенџере ставете излупени компири да се сварат. Гответе 15 минути, па тргнете од оган.
Измешајте ги сите останати зеленчуци кои ги имате и повторно ставете ги во тенџерето, налејте вода и варете 15 минути. Компирите процедете ги, оставете да отстои 5 минути да се излади. Процедете го зеленчукот.
Во тепсијата ставете кромид и масло. Врз нив наредете го компирот исечкан на коцки или кругови, еден ред (ќе ви останат уште малку компири). Преку нив ставете зеленчук и убаво распоредете, а врз зеленчукот исечкајте шунка, сланина, чаден врат, печеница или колбас. Повторно ставете го остатокот од компирот. Помешајте една лажица брашно со малку вода, сол и бибер и изматете да нема грутчиња, па таа смеса прелијте ја со уште една чаша вода, промешајте и прелијте ја смесата во тавата.
На горниот слој на компирот треба да има доволно течности. Не треба многу бидејќи сѐ е веќе термички обработено и останува само малку да се запече.
Посипете ги со суви листови од магдонос. Ставете во претходно загреана рерна на 200 степени околу еден час. Мусаката може да ја прелиете и со јогурт и јајца. Изматете две јајца, посолете и побиберете и чаша јогурт и уште можеби половина чаша вода и со тоа прелијте ја мусаката.
Ориз се додава ако немате доволно компири. Ставете шолја ориз да се готви во 2 шолји вода и варете на средна температура 15 минути, процедете го и измијте го оризот, па измешајте го со зеленчукот и ставете го во тавата. По печењето се сервира топло со салатата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот