Болсонаро со закана до СЗО, над 35.000 починати од Ковид-19 во Бразил

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро се закани дека Бразил ќе излезе од Светската здравствена организација ако таа, како што рече, не престане да биде пристрасна политичка организација.

Тој за бразилскиот Си-Ен-Ен изјави дека лекот хидроксихлорохин „се вратил” откако била повлечена „срамната” студија за неговиот ефект.

Влијателното британско медицинско списание „Лансет” повлече статија во која се тврди дека лекот против маларија хидроксихлорокин го зголемува ризикот од смрт кај болни од Ковид-19.

Болсонаро тврдеше дека лекот треба да се користи за лекување на пациенти со коронавирус, и покрај недостигот на научни докази за неговата ефикасност.

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Бразил во последните 24 часа се зголеми за 1.005, на 35.026, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Во тој период пријавени се 30.830 новозаразени, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 645.771.

Бразил е втора земја во светот по бројот на заразени, по САД, и четврта по бројот на починати, по САД, Велика Британија и Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот