Ако не ги победиме неделава, ги губиме двете титули

EPA-EFE/NEIL HALL

Манчестер сити утревечер против Тотенхем го игра реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, а во сабота го очекува нова пресметка со лондонскиот тим, овој пат во Премиер лигата каде влогот е шампионската титула. Манчестер сити и Ливерпул се во мртва трка за титулата, на четири кола до крајот, „црвените“ имаат 85 бодови, два повеќе од избраниците на Гвардиола.
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е свесен дека е тешко силен тим како Тотенхем да се победи два пати по ред, но не е невозможно.

– Доколку не победиме на двата натпревари оваа недела, ги губиме двете титули. Оваа сезона, Ливерпул ни е неверојатно тежок противник. Обично 84 или 85 бодови се доволно за титулата, а веќе и ние и Ливерпул на четири кола до крајот ја надминавме оваа норма. И двете екипи ја заслужуваат титулата во Премиер лигата, но тој може да оди само на една адреса – вели Гвардиола.

Сепак, пред да се фокусира на титулата во Премиер лигата, Гвардиола и Манчестер сити утревечер мора да го совладаат Тотенхем доколку сакаат да играат во полуфиналето на ЛШ. На првиот натпревар, лондонскиот тим славеше со минимални 1:0.
– Знам колку се фокусирани моите играчи, имаат голема желба да се пласираат во полуфиналето на ЛШ. Дали тоа ќе биде доволно? Не знам – потенцира Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот