Ако може Бред Пит, може и таа: Џенифер Анистон си фати млад музичар! (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Откако светските таблоиди открија дека 56-годишниот актер Бред Пит е во врска во 27-годишната германска манекенка Никол Потуралски, неговата поранешна сопруга, актерката Џенифер Анистон одлучи да објави дека има нова, како што вели таа, симпатија.

На дружењето со пријателите претходниот петок, таа им открила некои детали, а сè слушнал новинар од еден американски медиум кој тоа и го објавил, пишува „Стори.хр“.

Instagram

– Џенифер е дефинитивно вљубена. Кога зборуваше за тој мистериозен маж, нејзината насмевка беше од уво до уво. Таа не сакаше да го каже неговото име, но откри дека веќе еден месец се гледа со ценет музичар кој е малку помлад од неа. Таа го опиша како маркантен, висок и многу хумористичен.

Нејзините пријателки ја наговараа да им го каже неговото име, но таа рече дека сака да биде сигурна дека нивната врска ќе се развие во нешто посериозно и дека дури потоа ќе им ги открие сите детали. Откако им го соопшти сето тоа, тие наздравија и ја прегрнаа Џен, а ги слушнав како велат дека се пресреќни за неа затоа што заслужува некој кој вистински ќе ја сака, откри новинарот кој седел покрај Џенифер.

Нови гласини или нова љубов? Бред Пит долета во Франција во друштво на убавата Германка

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот