Ако Меси дојде до Премиер лигата, ќе биде резерва и во Тотенхем

фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Лионел Меси минатото лето по цели 20 години ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ каде ја одигра најлошата сезона во професионалната кариера.

Иако постигна 11 гола и имаше 15 асистенции, Меси не успеа да му помогне на ПСЖ да го освои трофејот што во Париз се чека со нетрпение, за победникот во Лигата на шампионите, а со прикажаните игри изгледаше како да е далеку од формата која го красеше додека го носеше дресот на Барселона.

Поради тоа, многумина сметаат дека Меси повеќе не може да игра во најдобрите англиски екипи, а еден од нив е Дени Милс, поранешниот играч на Манчестер сити кој смета дека Аргентинецот би бил резерва во шесте најдобри екипи во Премиер лигата.

– Доколку сега Меси дојде во Премиер лигата не би играл ниту во Манчестер сити, ниту во Лииверпулм па дури ниту во Тотенхем. Мислам дека ниту еден тим од најдобрите шест во Англија не би го донел. Мислам дека во овој момент Меси е далеку од тие екипи – изјави Милс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот