Ако мајката јаде кикирики додека дои, може да го заштити бебето од алергии

Истражување од 2017 година заговара дека децата треба да бидат изложени на јаткасти плодови рано во животот. Истражувачи од Канада откриле дека децата имале петпати помала веројатност да развијат алергија, ако нивните мајки јаделе јаткасти плодови, а особено кикирики, додека ги доеле и пред децата да навршат една година.

Откривме дека воведување на кикирики пред 12-тиот месец од животот на бебето било поврзано со намалување на ризикот од чувствителност на кикирики до училишната возраст, особено меѓу децата чии мајки консумирале кикирики во текот на доењето – рекла авторката на студијата д-р Трејси Пит.

Пасивното изложување на кикирики низ мајчиното млеко и воведување кикиритки во исхраната во првата година од животот може да ја намали чувствителноста на кикирики до седмата година од животот на детето.

Националниот институт за здравство на САД ги ажурирал сопствените насоки, во кои се наведува дека децата би требало да бидат изложени на храна што содржи кикирики уште од четвртиот месец за да се ублажат и сузбијат алергиските реакции. Меѓутоа, студијата сугерира дека мајките можат да почнат да градат толеранција на бебето од првиот ден.

Ако родителите се загрижени поради воведување кикирики во исхраната на своето дете, а особено на децата што веќе имаат постоечка алергија, какви што се егзема, астма или алергија на храна, важно е тоа да се направи на безбеден и на возраста адекватен начин, на пример не давајќи им на децата цела кикирика бидејќи тоа претставува и ризик од задушување – е советот на д-р Трејси Пит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот