Ако Лампард си замине негов наследник ќе биде уште една легенда на Челси

Поранешниот капитен на Челси, Џон Тери е главен фаворит да го наследи поранешниот соиграч, Френк Лампард на клупата на Дерби Каунти.

Лампард во текот на денот треба да има состанок со сопственикот на Челси, Роман Абрамович на кој ќе разговараат за преземањето на тренерската функција.
Дерби Каунти бара три милиони фунти обесштетување за да го пушти Лампард во Челси.

– Ние јасно кажавме на сите дека сакаме Френк да остане уште долго во Дерби. Но доколку Челси сака да го ангажира, ќе мора да плати обесштетување. Во меѓувреме, ние продолжуваме да ги градиме плановите за следната сезона заедно со Френк – изјави Мел Морис, сопственикот на Дерби Каунти.

Џон Тери минатата сезона ја помина како прв помошник на Дин Смит, тренеротна Астон Вила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот