Ако ја пречекорите брзината во Австрија, ќе ви го земат автомобилот

автомобили
автомобили / фото: EPA/EFE

Австрија подготвува закон според кој полицијата, покрај возачката дозвола, ќе им го одземе автомобилот на возачите кои значително ја надминуваат дозволената брзина, соопшти Министерството за транспорт, објави Политика рс.

Одговорната министерка Леонора Гевеслер рече дека на патиштата има премногу луѓе за кои не функционираат казните и дополнителното образование. Според Предлог-законот на возачите кои ќе ја надминат дозволената брзина од 60 километри на час во населено место или 70 километри на час надвор од населено место, автомобилот ќе им биде одземен на лице место 15 дена. Во тој период треба да се провери дали се работи за возач на кој веќе бил казнет за брзо возење.

Доколку се покаже дека возачот веќе направил драстично прекршување на брзината, автомобилот би можел да се продаде на аукција. Ако се надмине брзината од 80 километри на час во населено место или 90 километри на час надвор, автомобилот веднаш би бил одземен и продаден. Ова би се однесувало на оние возачи кои се фатени со брзина од 220 километри на час на автопатот во Австрија, каде максималната дозволена брзина е 130 километри на час.

Властите во Австрија годишно забележуваат од 400 до 450 случаи во кои би можел да се примени новиот закон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот